Актуелниот претседател на Гамбија, Јаја Џамех најави дека нема да ја напушти функцијата по истекот на неговиот на 18 јануари, иако беше поразен на претседателските избори одржани минатиот месец, јави ДПА.
Како што соопшти денеска Министерството за информации на Гамбија, Џамех ќе остане на функцијата се додека Уставниот суд не се произнесе по неговиот приговор со кој ги оспорува изборните резултатите.
Џамех, кој дојде на власт со воен удар, ја извршува функцијата гамбиски претседател веќе 22 година, при што често е обвинуван од неговите проивници за автократско владеење.
Судот требаше да се произнесе по жалбата на Џамех во понеделникот, но седницата беше одложена бидејќи на неа дојде само еден уставен судија. За да може Судот полноправно да одлучува потребно е на седниците на присуствуваат најмалку петмина судии.
Од друга, страна новоизбраниот претседател Адам Бероу, кој е поранешен агент за недвижности и кој не беше многу познат во јавноста пред неговата претседателска кандидатура, соопшти дека тој планира да ја преземе должноста шеф на државата на 19 јануари, како што е предвидено.
Аналитичарите стравуваат дека ваквата состојба околу примопредавањето на власта би можела да доведе до тензии и насилство во земјата.
На изборите одржани на 1 декември минатата година, Бероу, кој беше кандидат на опозициската Коалиција 2016, освои 43,3 отсто од гласовите, додека Џамех доби 39,6 проценти.