Претседателот на Гамбија, Јахја Џамех упати најнови навреди кон хомосексуалците, кога изјави декаа тие ќе го уништат светот и дека нивното царство на „нечисти умови” ќе оди во пеколот.
– Сите империи пропаднале кога биле најслаби. Така да и ова зло царство на хомосексуалците ќе оди како ѓубре во пеколот. – рече Џамех.
Претседателот на Гамбија, рече дека гејовите треба да се третираат полошо и од комарците.
– Ќе се бориме против нив како што се бориме против маларијата, ако не и уште поагресивно. Тие треба да се убиваат како комарците – рече во говорот во текот на церемонијата по повод стекнувањето независност.
Џамех минатата година рече дека ќе ги убие сите кои ќе побараат азил во странство поради изговор за прогон на ЛГБТ популацијата.
– Некои луѓе бегаат на запад, тврдејќи дека се хомосексуалци и дека животот во Гамбија им е во опасност. Aко ги фатам ќе ги убијам ладнокрвно изјави налутениот претседател.
Џамех дури и во обраќањето во ООН во 1013 изјави дека дека хомосексуалците се “посмртоносни од сите природни катастрофи заеднo”.
Во своите говори тој изјави дека правата на хомсексуалците се “голема грешкa”.
– Кратенката ЛГБТ може да означи само Лепра, Гонореја, Бактерија и Туберкулоза, се онаа што е штетно за човештвото. Ќе им ги отсечема главите на сите геј луѓе во Гамбија. Oва е земја на верници и хомосексуалноста нема да се толерира – рече Џамех.