Препродажба на бесплатни ваучери за велосипеди во Букурешт

Од:

Бесплатни ваучери за велосипеди обезбедени од Градското собрание на Букурешт се продаваат на страницата OLX за бесплатни огласи.

Ваучерите во вредност од 500 леи (околу 100 евра) се тргуваат на бесплатниот огласник за 350 до 400 леи (од 70 до 85 евра), а некои продавачи нудат и совети за купување нов велосипед.

Во јуни градските власти го одобрија проектот „Велосипедисти во Букурешт“, кој предвидува исплата на 5.000 ваучери во вредност од околу 100 евра за купување обичен или електричен велосипед, а може и тротинет.

Право на ваучер имаат жители на Букурешт на возраст над 18 години, со постојан или привремен престој во романската престолнина.

Откако е откриено дека ваучерите се препродаваат, Градското собрание соопшти дека се преземаат мерки за спречување на продажбата.

На ваучерите ќе бидат отпечатени личните податоци на корисникот – име, презиме, матичен број и ќе биде нагласено дека не смеат да се отстапуваат на други лица.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски