Премиерот на Канада го распушти Парламентот и распиша избори

Од:

Премиерот на Канада Џастин Трудо го распушти Парламентот и распиша општи избори за 21 октомври.

Трудо имаше средба со генералната гувернерка Џулија Пајет, вршител на должноста шеф на државата, која и формално даде одобрување за почеток на шестонеделна изборна кампања.

– Канаѓаните ќе излезат на избори на 21 октомври. Направивме многу во изминатите четири години, но вистината е дека допрва почнуваме, изјави Трудо. Тој оцени дека Канаѓаните треба да одлучат дали сакаат да се вратат на неуспешната политика на конзервативната Влада, која верува во кратења и штедење.

Според анкетите на јавното мислење, опозициската Конзервативна партија според популарност се доближува до либералите на Трудо.

Би можело да ве интересира

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада