Премиерот на „Доњецката Народна Република“ побара примирје

Од:

Премиерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Александар Захарченко, денеска побара примирје од хуманитарни причини, откако призна дека силите на украинската Влада го опколиле градот Доњецк, главното упориште на проруските сили.

Тој побара прекин на огнот за да се спречи Доњецк да стане новиот „”Сталинград“, но, исто така, се заколна дека ќе се бори до крајот доколкку таквиот предлог биде отфрлен, јавија француските медиуми.

Захарченко кажа дека проруските сили се подготвени на примирје за да се избегне се поголемата хуманитарна катастрофа.

-Ние се надеваме дека меѓународната заедница ќе влијае врз крвожедната влада во Киев, изјави Захарченко за руските медиуми.

Украинската армија утринава го освоила градот Красниј Луч во Луганската  област, по што Доњецк и Горловка се најдоа под целосна опсада, пренесоа руските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми