Прекината седницата на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана

Од:

Седницата на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) е одложена на неодредено време, изјави вечерва прес-секретарот на претседателот на Украина Сергеј Никифоров.

-Тоа е како судски процес. Може да потрае и до два дена, рече Никифоров, цитиран од Украина-24.

Претходно денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски, свика вонредна средба на Советот за национална безбедност и одбрана, на кој претставниците на безбедносниот и одбранбениот сектор беа сослушани за ситуацијата во Украина и нејзините државни граници. Според него, „државата ќе ги исполни сите свои обврски кон своите граѓани – жителите на привремено окупираните територии на регионите Доњецк и Луганск, кои ќе изразат желба да се преселат во делот контролиран од Украина“.

-Доколку е потребно, рече Никифоров, Украина е подготвена да ги прошири овие обврски.

Претседателот Зеленски не го затвори состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана, а доколку има потреба, неговите членови веднаш ќе се состанат.

-Доколку има потреба членовите под итно ќе се соберат на нова средба. Сите членови на Советот за национална безбедност и одбрана се на своето место. Советот е префрлен на режим на работа 24/7, рече Никифоров.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин нареди 30-дневен прекин на нападите врз украинската енергетска инфраструктура

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Песков: Приказните за можно испраќање војници од земјите на НАТО во Украина се опасен тренд

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање