Предупредување на Гренланд: Подгответе се за можна инвазија

Од:

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, им порача на жителите на арктичкиот остров да се подготват за воена инвазија поради заканите на Доналд Трамп дека ќе го преземе островот.

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека „најлошото можеби допрва доаѓа“.

Премиерот изјави дека „малку е веројатно дека ќе се случи воен конфликт, но не може да се исклучи“.

„Затоа мора да бидеме подготвени за сите можности, но да го нагласиме ова: Гренланд е дел од НАТО и, доколку дојде до ескалација, тоа би имало последици за остатокот од светот“, рече Нилсен.

Ова доаѓа откако Данска испрати војници во Кангерлусуак, каде што се наоѓа главниот меѓународен аеродром на Гренланд.

Американскиот претседател, Доналд Трамп исто така, предупреди дека Русија и Кина претставуваат закана за националната безбедност од Арктикот и тврдеше дека Данска не е во можност да го заштити Гренланд.

Би можело да ве интересира

Данска верува дека САД не се откажаа од Гренланд

А1он

Германските „Еурофајтери“ и се приклучуваат на арктичката мисија

Фредерик-Нилсен: Американските намери се целосно неприфатливи

А1он

Трамп најавува брз договор меѓу САД, Данска и Гренланд за Арктикот

Горан Наумовски

Премиерот на Гренланд повика на посилно воено присуство поради Русија

А1он

Фредериксен: Данска нема да им ја отстапи територијата на Гренланд на САД