Пожар зафати околу 200 бараки во Бангладеш, има повредени и загинати

Од:

Најмалку девет лица загинаа, а неколкумина се повредени во пожар кој избувна во сиромашна населба на југот од Бангладеш, објави локалната пожарникарска служба, додавајќи дека во пожарот кој избувнал во дел од градот Читагонг, жителите сѐ уште спиеле.

Се проценува дека околу 200 бараки се зафатени од огнот.

Читагонг се наоѓа на 216 километри југоисточно од Дака, главниот град на Бангладеш. Пожарникарите го локализирале огнот, а причините за пожарот не се познати.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

ВИДЕО: Пожар во Дака, најмалку 70 лица загинаа