Повторување на претседателските избори Австрија ќе ја чини 15 милиони евра

Од:

Повторувањето на вториот круг од претседателските избори во Австрија, закажано за 4 декември, ќе ја чини државата најмалку 15 милони евра, но конечната сума ќе биде позната дури по гласањето, тврди австриското Министерство за внатрешни работи.

Телевизијата Пулс 4 објави дека повторувањето на изборите, кое ќе се случи поради поништувањето на исходот од гласањето кон крајот на мај поради неправилностите во пребројувањето на гласовите, пристигнати преку пошта, ќе чини вкупно 40 милиони евра.

Министерството не сакаше да даде коментар на извештајот на телевизијата.

Што се однесува до прогнозираните 15 милиони евра, тие произлегувата врз основа на измените на изборниот закон, кој е усвоен, а кој предвидува покрај воспоставување Централен избирачки регистер, бројни измени и по прашање за преземање на трошоците од страна на покраините. Целта е да се поштедат општините од допонителното финансиско оптоварување.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски