Курдската работничка партија ќе го почне повлекувањето на своите сили од Турција утре, на 25 април, изјави синоќа пратеникот од перокурдската Партија за мир и демократија Сири Сиреја Ондер.
Според него утре во планината Кандил во северен Иран, каде се распоредни базите на ПКК, курдските бунтовници ќе одржат прес конференција, на која се очекува да го прогласат почетокот на повлекувањето од Турција.
Ондер истакна дека турската Влада демонстрира волја да ги продолжи напорите за решавање на курдското прашање.
Турскиот претседател Абдула Ѓул од своја страна изјави дека во процесот на решавање на курдското прашање можат да се постигнат резултати само доколку има „целосно откажување од оружјето не само во Турција, туку и надвор од неа“.
Повлекувањето на курдските бунтовници од Турција беше поставено од Анкара како задолжителен услов за решавање на курдското прашање.
Се очекува бунтовниците да ја напуштат Турција без оружје и доброволно, што значи дека полицијата и армијата нема да се мешаат во тој процес, тукусамо ќе ја контролираат безбедноста. Доколкуусловите се поволни повлекувањето на активистите од ПКК може да заврши до оваа есен.