Повлечено предупредувањето за опасност од цунами на Нова Каледонија

Од:

Дирекцијата за цивилна заштита и управување со кризи на Нова Каледонија го повлече предупредувањето за опасност од цунами, што беше изадено утрово по трите силни земјотреси во водите на Тихиот Океан источно од островот.

Во соопштението се наведува дека брановите кои доаѓаат до бреговите на Нова Каледонија се намални и не претставуваат опасност за населението.

Дирекцијата сепак ги предупреди жителите на оваа француска прекуморска територија да бидат внимателни и подготвени на итна евакузација во случај на нова закана.

Утрово во 5.18 часот по средноевропско време близу Нова Каледонија беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 160 километри источно од новокаледонскиот град Тадин.

Четири минути пред овој, во истиот регион беше регистиран потрес со јачина од 6 степени, а по него и серија од неколку афтершокови, од кои најсилниот беше во 7.43 минути по средноевропско време со интензитет од 6,7 степени според Рихтер.

По најсилниот земјотрес, Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови, кои во реоните на Нова Каледонија и Вануату би можеле да бидат високи од еден до три метри, а во областа на Фиџи до еден метар.

По ваквото предупредување, властите на Нова Каледонија, но и на Вануату, повикаа на евакуација на жителите на крајбрежните региони. Во апелот им се препорачуваше на жителите да се оддалечат од брегот, да се засолнат на повиски места или да заминат во засолништа.

По земјотресите претставник на Дирекцијата за цивилна заштита и управување со кризи на Нова Каледонија изјави дека „добра вест“ во целиов случај е што нема жртви и не се предизвикани материјални штети.

Би можело да ве интересира

Франција започна голема операција во Нова Каледонија, немирите ескалираа, шестмина загина

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Силен земјотрес регистриран на Нова Каледонија

Ана Ололовска

Нова Каледонија по трет пат излегува на референдум за независност од Франција

Ана Ололовска

Сепаратистите бараат од Франција организација на трет референдум за независност на Нова Каледонија

Ана Ололовска