Повеќето Украинци сакаат унитарна држава?

Од:

Повеќето украински граѓани, дури и оние од исток, каде што голем број од нив употребуваат руски јазик, сакаат Украина да остане унитарна држава, покажа анкета од истражувањето кое што го спроведе „Pew Research Centar“ од Вашингтон.

Резултатите од истражувањето, кое што е спроведено од 5-ти до 23-ти април, а во кое учестуваа 1.659 возрасни лица, се објавени само неколку часа пред про-руските сили во источна Украина да соопштат, дека во недела сепак ќе организираат референдум за автономија, иако рускиот претседател Владимир Путин ги повика да го одложат гласањето.

Според ова истражување, 77 проценти од испитаниците сметаат дека Украина треба да остане унитарна држава.

Што се однесува до доверба во власта во Киев, 41 процент од нив им веруваат на новите лидери. Меѓутоа во ова прашање се забележува најголема поделба помеѓу источниот и западниот дел на државата. На запад власта има поддршка од 60 проценти од граѓаните, а на исток само 24 проценти.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми