Повеќекатница се урна во Индија, под урнатините најверојатно останале 25 лица

Од:

Петкатна станбена зграда се урна денеска во индискиот град Мумбај, кој важи за финансиски центар на Индија.

Според локална телевизија, зградата се урнала рано утринава „непосредно пред разденување“. Спасувачите се обидуваат да стигнат до 25 лица, за кои се претпоставува дека останале затрупани под урнатините.

Ова е втор ваков случај во Мумбај годинава. Во јуни се урна трикатна зграда, при што загинаа десет лица.

Уривањето на загради во Индија се честа појава, бидејќи поради големата побарувачка на станови во индиски градови, кои забрзнао се развиваат, но и поради раширената корупција градежните фирми честопати користат неквалитетни материјали или градат повеќе катови од одобреното.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати