Повеќе од илјада еврејски аџии заглавени на границата на Украина

Од:

Повеќе од илјада еврејски аџии, меѓу кои и деца, останаа и денеска блокирани на границата меѓу Белорусија и Украина, откако Киев одби да им дозволи да го минат преминот поради мерките воведени поради коронавирусот.

Секоја година, десетици илјади хасидски Евреи патуваат во украинскиот град Уман до гробот на рабинот Наман, основачот на движењето Бреслов Хасидик, пренесува Франс 24.

Аџиите допатувале иако и украинската и израелската влада минатиот месец им порачаа да не го прават тоа.

Украина забрани влез на странци во земјата до крајот на септември поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19.

Пограничната служба на Украина наведува дека има околу 1.000 лица на границата, додека на белоруската граница велат дека бројот е 1.064 и дека меѓу нив има 242 деца. Белоруската гранична полиција, исто така, информира дека им дала храна и топли шатори на аџиите, иако тие се жалат дека им студи и се гладни.

– Во моментов, ситуацијата не дозволува да ги пуштиме хасидските Евреите во Украина, изјави за украинскиот канал 24 ТВ украинскиот заменик министер за надворешни работи, Јевгениј Јењин.

Украинската гранична полиција објави снимка на која се гледа како Евреите во традиционална носија се молат со книги во рацете на сред пат.

Аџиите се под надзор на украинската гранична полиција, која формираше и кордон.

Секоја година за време на еврејската Нова година, десетици илјади аџии одат во Уман на гробот на рабинот Нахман, а оваа година аџилакот е предвиден од 18 до 28 септември.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала