Повеќе од 60 земји се борат да овозможат увоз на храна, објави Политико

Од:

Повеќе од 60 држави во светот се борат да обезбедат храна од увоз, објави денеска Политико повикувајќи се на заклучоците на Глобалната група за одговор на кризата (ГЦРГ), формирана за решавање на растечката несигурност во обезбедувањето храна по руската инвазија врз Украина.

Во извештајот на специјалната група на ОН се вклучени и Колумбија, Малави, Пакистан и Мјанмар.

На состанокот на групата одржан на 28 јули било посочено дека и понатаму се „фокусирани на големите трошоци за увозот што влијае врз платниот биланс во повеќе од 60 земји“, како и на предизвиците за безбедноста на храната кои произлегуваат од девалвација на девизниот курс и националните буџети што се борат да си дозволат „основен увоз“.

Во документот од состанокот, во кој увид имаше Политико, се наведува дека „во Сиера Леоне, потрошувачката на храна се намалува кај посиромашните граѓани како резултат на зголемувањето на цените, а слични ризици се пријавени во Колумбија, Конго, Чад, Еквадор, Ирак, Кенија, Малави и во Мавританија“.

Исто така се посочува цените растат побрзо во Пакистан, Мјанмар, Перу, Малави, Бурунди и Нигерија и дека се поголем број луѓе плаќаат „над реалната вредност“ за основните потреби, а околу 12 влади се блиску да не можат да го намират долгот и голем број бараат можност за отпишување на долгот“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја формираше 32-члената ГЦРГ во март по руската инвазија врз Украина, заеднички раководена од директорот на Програмата за животна средина на ОН, Ингер Андерсен, и специјален пратеник за Ковид-19 во Светската здравствена организација, Дејвид Набаро.

Следниот состанок на ГЦРГ е на 25 август.

 

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Бајден ги замени смртните казни на 37 осуденици со доживотен затвор пред Трамп да ја преземе функцијата

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

Шефот на украинската армија нареди повлекување

(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Судирите продолжуваат во Грузија, уапсени демонтранти

Предраг Петровиќ