Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ги продолжија воените операции во Појасот Газа пред почетокот на договорениот прекин на огнот.
Според официјалната палестинска новинска агенција Вафа, девет лица се убиени во нападите врз кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, а повеќе од 60 Палестинци биле убиени во одделен израелски напад врз кампот Џабалија на северот на Газа, јавува Би-Би-Си.
Евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата Ал Шифа во Газа, со 14 амбулантни возила, почна денеска во координација со Обединетите Нации и меѓународната хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“, соопшти палестинскиот Црвен крст.