Повеќе од 230 деца се убиени во израелско-американските напади врз Иран

Од:

Министерството за здравство на Иран денес објави дека досега во израелско-американските напади се убиени повеќе од 230 деца, а приближно 1.800 се повредени.

Во соопштението се наведува дека најголем број смртни случаи се регистрирани во провинциите Техеран и Хормозган, додавајќи дека меѓу ранетите има 4.163 жени, објави иранската државна телевизија.

Меѓу повредените има 1.731 дете под осум години и 61 дете под две години.

Министерството додаде дека меѓу загинатите има 244 жени, 214 деца под 18 години и 17 деца под пет години.

Според министерството, за време на нападите оштетени се 50 установи за итни случаи, 41 медицински центар и 199 здравствени установи, а шест болници се евакуирани, додека 38 амбулантни возила се оштетени.

Во извештајот се наведува и дека 24 здравствени работници загинаа на фронтот додека извршуваа медицински интервенции.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Арагчи: „Децата беа ладнокрвно убиени“

Горан Наумовски

Иранска одмазда: Нападнати се американски воени бази и израелско пристаниште