Над 200 демонстранти беа приведени синоќа во Москва, каде илјадници лица се собраа за да протестираат против осудувањето на опозиционерот Алексеј Навални, објави невладиниот сајт ОВД-Инфо, јави БТА.
Според оваа Интернет страница синоќа во Москва биле приведени 209 лица, од кои повеќето се ослободени, но против некои од нив се покренати обвиненија за нарушување на јавниот ред и мир.
Руската полиција се уште не ја потврдила оваа информација. Илјадници лица се собраа вчера во центарот на Москва, за да го изразат своето незадоволство од вчерашната одлука на судот во градот Киров (900 километри источно од Москва), со која Алексеј Навални е осуден лидер на пет години затвор за незаконско присвојување пари од државно претпријатие.
Полиијата синоќа соопшти дека во протестите учествувале 2.500 лица, а според опозицијата нивната бројка изнесувала десет илјади.
Навални, регистриран како кандидат за градоначалник на Москва на изборите на 8 септември тврди дека обвиненијата, за кои е осуден се лажни. Тој исто така најави дека во 2018 година ќе учествува на претседателските ибори. Доколку пресудата биде потврдена од Апелациски суд, тој ќе ја загуби можноста да учествува на изборите.