Министерството за здравство од Појасот Газа денеска соопшти дека од почетокот на израелската агресија на територијата се убиени повеќе од 12.300 малолетници.
Според нивните податоци, малолетниците сочинуваат околу 47 отсто од вкупно 28.176 Палестинци убиени во Газа.
Меѓу убиените има околу 8.400 жени.
Министерството ја објави оваа посебна информација на барање на Асошиејтед прес.