Повеќе цивили загинаа денеска кога украинските сили го гранатираа селото Семјоновка во близина на Славјанск, соопштија властите на самопрогласената Доњецка народна република (ДНР).
Еден од проектилите погодил деветкатна станбена зграда при што загина една жена.
Гранатирањето продолжи и во текот на попладнето.
Доњецките власти потврдија дека силите на самоодбраната во Доњецката област зазеле еден пункт на украинската армија.