Зголемувањето на криминалот и лошата полициска заштита на арапската заедница во Израел се причината илјадници Арапи кои живеат во оваа земја да излезат на протест, јавија американските медиуми.
Протестот во северниот израелски град Тамра е предизвикан од трагичната смрт на 22-годишниот студент Ахмад Хеџази, кој беше убиен во престрелка меѓу полицијата и криминалци.
Демонстрантите носеа бели знамиња, натопени со крв, и пароли што повикуваа да се застане на патот на криминалот.
Американските медиуми наведуваат дека од почетокот на годината во Израел се убиени најмалку 11 арапски граѓани.