Телевизијата NHK објави дека поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе починал откако утринава беше пукано во него, цитирајќи официјални претставници.
[Breaking News] Officials say former Japanese Prime Minister #Abe Shinzo has been confirmed #dead. He was reportedly #shot during a speech on Friday in the city of #Nara, near Kyoto.https://t.co/bZpiKm8wIN
— NHK WORLD News (@NHKWORLD_News) July 8, 2022
Поранешниот премиер на Јапонија, 67-годишниот Шинѕо Абе беше застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара.
Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами, поранешен припадник на јапонската морнарица, кој е уапсен по инцидентот.
Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.
Абе не покажувал знаци на живот кога бил префрлен во болница.