Потпретседателот на САД: Цените на горивата наскоро ќе се вратат во нормала!

Од:

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, во разговор со конзервативниот подкастер Бени Џонсон, зборуваше за војната против Иран.

Венс рече дека иако САД ги постигнале повеќето од своите воени цели, претседателот Трамп планира да ја продолжи војната „доста долго време“ за да се осигури дека иранската влада е сериозно ослабена.

„Претседателот ќе продолжи да го прави ова уште некое време за да се осигури дека откако ќе заминеме, нешто вакво нема да се случи повторно долго, долго време“, рече Венс.

„Мораме да ја неутрализираме иранската влада многу, многу долго време и тоа е целта“ порача тој.

Венс призна дека цените на горивата се зголемиле како резултат на конфликтот, но нагласи дека тие наскоро ќе се намалат.

„Ова е многу, многу привремена реакција на конфликт кој на крајот ќе биде краткотраен. Мислам дека претседателот беше многу јасен за тоа: не сме заинтересирани да останеме во Иран една година, две години“, рече Венс и порача:

„Ја завршуваме работата, наскоро си одиме од таму, а цените на горивата ќе се вратат во нормала“.

Би можело да ве интересира

Иран сака да преговара со Венс, а не со Кушнер, Белата куќа вели: За тоа одлучува Трамп

Силна американска поддршка за Орбан – Џ.Д. Венс патува во Унгарија пред изборите

А1он

Венс: Документите за Епстин покажуваа колку американските елити се трули и инцестуозни

Џеј Ди Венс го обвини „левичарските агитатори“ за „конструиран хаос“ по двете убиства во Минесота

Венс: САД мора да имаат права врз природните ресурси на Гренланд

Горан Наумовски

Детали за нападот врз резиденцијата на Џ.Д. Венс: Тајните агенти слушнаa бучава, а потоа и тресок