Претседателот на Јужен Судан Салва Кир и лидерот на главната бунтовничка група во државата, Рик Мачар синоќа потпишаа конечен прекин на огнот и договор за поделба на власта.
– Како лидер на Јужен Судан апелирам до сите овој договор да означи крај на војната и судирите во нашата држава, изјави претседателот Кир.
Јужен Судан е независен од Судан од 2011 година, но по две години изби граѓанска војна меѓу владата на Кир и бунтовничко движење на чело со Мачар. Во судирите загинаа десетици илјади луѓе, и речиси една четвртина од 12 милиони жители се раселени. Претходниоте мировни договори беа почитувани само неколку месеци, по што судирите продолжуваа.