После атентатот на Фицо: Министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Од:

Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за безбедност на Словачка, по атентатот на премиерот Роберт Фицо.

Министерот за внатрешни работи информираше дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми, пренесува словачки та3.

Министерот ова го изјави на прес-конференција во болницата каде Фицо беше опериран по вчерашниот атентат во градот Хандлов, во кој беше тешко повреден кога 71-годишниот напаѓач го удри со неколку истрели од непосредна близина.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја продолжува „војната“ со Фицо

Гашпар: Фицо нема да отпатува во петок во Киев

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Фицо: Словачка ќе губи 500 милиони евра годишно поради прекинот на транзитот на рускиот гас

Зеленски бесен поради средбата на Фицо со Путин: Колку те плаќа?

Предраг Петровиќ