Порошенко: Заврши најопасниот дел од судирите, на ред се реформите

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изрази уверување дека мировниот договор со проруските сили значи дека „најопасниот дел од петмесечниот вооружен судир е завршен“ и на ред доаѓаат реформите и искоренување на ендемската корупција и бирократија.

– Не се сомневам дека мојот мировен план ќе опстане. Немам никакви сомнежи дека најголемиот, најопасниот дел од војната е веќе зад нас, благодарејќи на херојството на украинските војници, истакна Порошенко.

Тој нагласи дека никогаш нема да дозволи повторно вкоренување на проруски сили и вооружени борци во источниот дел на Украина.

Порошенко истакна дека сега на дневен ред се реформи во сите владини институции, изразувајќи надеж дека тие ќе и овозможат на земјата да биде подготвена за членство во ЕУ до 2020 година.

Според него, освен корупцијата, важни делови во реформите се и децентрализацијата и силното спроведување на законот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми