Порошенко за 72 часа го продолжи примирјето во источна Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко одлучи за 72 часа да го продолжи прекинот на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на европски дипломатски извор.

Порошенко својата одлука ја соопшти пред лидерите на 28-те земји членки на ЕУ, кои се собрани во Брисел, соопшти ИТАР-ТАСС.

-Претседателот Порошенко предложи за 72 часа да се продолжи прекинот на огнот – рок што ќе му дозволи да се исполнат извесен број услови како ослободување на заложниците, вклучувајќи ги и набљудувачите на ОБСЕ, или воспоставување контрола долж руско-украинската граница, изјави изворот, цитиран од француските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми