Порошенко: Украина треба да остане во сегашните граници

Од:

Патоказите за мир, кои беа договорени минатата недела меѓу Украина и проруските сепаратисти, нагласуваат дека Украина е единствена суверена држава во сегашните граници, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

На владина седница, која беше емитувана преку телевизија, Порошенко истакна дека примирјето склучено во источна Украина меѓу владините војски и бунтовниците е тешко за почитување, бидејќи според него „терористите постојано се обидуваат да ги предизвикаат воените сили на Киев“.

– Протоколот, кој беше потпишан во петокот во Минск предвидува воспоставување и заштита на укрианскиот суверенитет на целата територија на Донбас (во источна Украина), вклучувајќи ги и деловите, кои се под контрола на бунтовниците.

Порошенко додаде дека следната недела ќе внесе во Парламентот нацрт-закон за давање специјален статус на некои области во Доњецката и Луганската област, кои во моментов се под контрола на сепаратистите.

– Украина не направи никаков компромис, што се однесува до нејзиниот територијален интегритет. Не може да се разговара за некаква федерализација или некакво отцепување на источните области. Законот за времено автономно управување на Доњецката и Луганската област обезбедува статус, со кој тие области остануваат во Украина, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми