Порошенко: Украина премина кон нова, насочена иднина кон Запад

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во Канада дека Украина премина кон нова, насочена иднина кон Запад, што зад себе го остава руското минато.

Порошенко ова го изјави во обраќање пред пратениците на канадскиот Парламент.

– Како главен командант на армијата, Украинец и татко на војник, се заблагодарувам на Канада за секој спасен живот во Донбас благодарение на панцирите или шлемовите што ни ги дадовте, изјави Порошенко.

Канадскиот премиер Стивен Харпер по состанокот со Порошенко изјави дека канадската Влада ќе обезбеди финансиска и хуманитарна помош за Украина.

Меѓу другото, договорен е кредит за Украина во период од пет години и висина од 200 милиони долари.

Порошенко денеска ќе замине во Вашингтон каде ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џозеф Бајден и државниот секретар Џон Кери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми