Порошенко: Украина нема друг избор, освен да бара разбирање со Русија

Од:

Новиот украински претседател Петро Порошенко се надева дека Русија ќе биде казнета за „трагедијата“, што и се случи на неговата земја годинава. Но, и покрај анексирањето на еден украински регион и поттикнување на бунт во други два, Украина нема како да ги прекине односите до Кремљ и треба да бара разбирање со Русија, нагласува Порошенко во интервју за американскиот весник „Тајм“.

Интервјуто, прво на Порошенко како претседател, е објавено денеска на интернет страницата на списанието.

– Можеби некои Украинци би сакал да ги имаме за сосед Шведска или Канада, но наш сосед е Русија. Затоа не може да имаме цврста безбедност без дијалог и разбирање со Русија, истакна Порошенко. Тој нагласува дека уште првиот ден на функцијата имал маратонски разговор со рускиот амбасадор во Киев Михаил Зурабов.

Позициите на двете страни остануваат цврсто оддалечени една од друга, но Порошенко задржува „претпазлив оптимизам“ за можноста да бидат обновени нормалните односи со Москва.

Со цел да ги зацврсти позициите како силна, економски развиена и обединета држава, Украина има потреба од сеопфатна поддршка од Западот, вклучително воена, нагласи новиот украински претседател во интервјуто.

Порошенко, сепак признава дека ниту една западна држава досега не се согласила да даде некакви гаранции за безбедноста на Украина, ниту да преземе цврст ангажман за преиспитување на т.н. Меморандум од Будимпешта, постигнат меѓу САД, Русија и Велика Британија во 1994 година, што требаше да ја гарантира територијалната целост на Украина.

Со анексирањето на Крим во март Русија го прекрши тој договор, што според Порошенко покажува дека ниту Советот за безбедност на ОН повеќе не е во состојба да спречи конфликт меѓу големите сили, како и дека стариот систем повеќе не работи.

Новиот украински претседател пред себе поставува скромни цели. Освен запирање на крвопролевањето во Источна Украина, тој сака Русија да предложи нов модел на однесување и модел на гаранции, што ќе овозможат да се врати чувството на стабилност, се наведува во интервјуто за „Тајмс“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми