Украинскиот претседател, Петро Порошенко критикувајќи ја ефикасноста на локалните власти во Одеса за сузбивање на корупција, нагласи дека нема да дозволи Украина да стане „банана република“.
-Доколку не знаете како се бори против корупција и криумачарење, ќе ви кажам. Направете го тоа што јас го направив. Ги испратив своите соработници во 11 продажни објекти да проверат дали имаат царински документи. Нема да дозволам Украина да биде „банана република – рече Порошенко, на состанокот со властите во Одеса.
Тој наведе дека тоа ја уништува украинската економија и дека украинската влада и меѓународните институции очекуваат пад на БДП во 2014 година, помеѓу пет и седум проценти, додека инфлацијата до крајот на годинава ќе достигне 17 проценти.
Е. Г.