Порошенко: Терористите ќе добијат соодветен одговор

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека државата ќе одговори адекватно по соборувањето воен авион на украиснките сили од страна на бунтовниците. Тој денеска имаше состанок со шефовите задолжени за одбрана и безбедност.

Во инцидентот во источна Украина загинаа 49 луѓе.

– Сите вмешани во цинични акти на тероризам треба да бидат казнети. Украина има потреба од мир. Терористите ќе добијат соодветен одговор, нагласи Порошенко во соопштение.

Утрешниот ден е прогласен за ден на национална жалост заради загинатите во воениот авион-транспортер на аеродромот во Лугањск. Пред денешниот инцидент, украинското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 270 луѓе загинале во судири меѓу владините сили и вооружените сепаратисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми