Порошенко се изјасни за предвремени парламентарни избори и измени на Уставот

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко се изјасни за распишување предвремени парламентарни избори и за измени на Уставот на Украина.

Тој на средба со лидерите на парламентарни партии истакна дека „целосното рестартирање на власта и натаму останува актуелно“.

На средбата бил разгледан и Предлог-закон за измени на Уставот.

– Предлогот целосно одговара на нашата иницијатива за децентрализација на власта и е клучен елемент од нашиот мировен план за Донбас, истакна украинскиот претседател.

Порошенко ја нагласи потребата од јасно разграничување на надлежностите на претседателот, Парламентот и Владата со цел да се обебзеди ефикасно функционирање на системот на државно управување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми