Порошенко: Руски офицери се борат заедно со бунтовниците во Украина

Од:

Претседателот на Украина Петро Порошенко денеска изјави дека руски војници се борат заедно со бунтовниците против украинските сили за безбедност и дека сепаратистите имаат модерни руски ракетни системи, пренесува бугарската агенција БТА.

– Во последните три дена нов руски ракетен систем беше употребен против украинските Вооружени сили, рече Порошенко на заседанието со шефовите на украинските служби за безбедност.

Тој додаде дека располага со доверлива информација дека „руски офицери“ учествуваат во воените операции против владините сили, се наведува во информацијата, ставена на неговиот сајт.

Портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко денеска соопшти дека во последните 24 часа е забележено трупање на руска војска и борбена техника во близина на границата со Русија кај контролните пунктови Суми и Луганск.

Според Лисенко, сепаратистите и руските „платеници“ пукале врз украинските граничари во реонот на граничното село Ѓаково како дел од обидите во Украина да внесат оклопни машини и опрема, пренесоа британските медиуми.

ИТАР-ТАСС го цитира соопштението на прес службата на самопрогласената „Луганска Народна Република“ дека цивилната заштита соборила два авиона на украинските воено-воздухопловни сили. Едниот бил соборен во реонот на селото Лисичанка, а вториот крај граничниот премин Иварино, тврдат сепаратистите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми