Порошенко: Русија има 9.000 војници во Украина

Од:

Русија има 9.000 војници во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

Во говор на Светскиот економски форум во Давос, Порошенко додаде дека руските војници располагаат со тешко оружје, меѓу кои и тенкови и артилериски системи.

– Ако тоа не е агресија, тогаш што е агресија?, запраша Порошенко.

Тој ја повика Русија да ги повлече своите војници од Украина и да ги почитува договорите од Минск.

Претходно беше објавено дека украинскиот претседател ќе ја скрати посетата на Давос поради влошената ситуација во источниот дел на Украина, каде се интензивираат судирите меѓу силите на Киев и проруските сепаратисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми