Порошенко: Русија да го поддржи мировниот план и со дела

Од:

Русија треба да го поддржи планот за надминување на кризата во Украина не само со зборови, туку и со дела, порача денеска украинскиот претседател Петро Порошенко во обраќањето пред членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбург.

– Москва треба да го поддржи мировниот план на тој начин што ќе ги запре убиствата на цивили и војници и ќе ги спречи вооружените сепаратисти да ја преминуваат руската граница кон Украина, нагласи Порошенко.

Тој наведе дека и покрај прекинот на огнот во текот на оваа седмица убиени се 18 украински војници.

Порошенко истакна дека Москва не треба да им дозволи на сепаратистите, оружјето и воената техника да ја преминуваат руско-украинската граница.

– Без тоа не можеме да зборуваме за мир. Само со такви дела можеме да ги спречиме убиствата на цивили и на војници, кои го штитат суверенитетот и теиторијалната целост на државата, посочи Порошенко.

Тој потсети дека утре истекува едностарното примирје и оти Киев ќе преземе „многу важна одлука“, но не соопшти каква.

Украинскиот претседател истакна и дека сепаратистите од Доњецк и од Луганск покажале интерес за мировните преговори и за надминување на конфликтот.

– Народот во Украина не сака војна. Украина останува единствена и обединета. Јас ја обиколив земјата и видов мирољубиви, блаконаклонети луѓе кон Европа, посочи Порошенко.

Тој истакна и дека „по секоја цена“ нема да дозволи воведување на втор државен јазик во Украина, додавајќи оти има можност по законски пат да се вове неограничен број на регионални јазици.

Рускиот претстедател Владимир Путин вчера во заеднички телефонски разговор со Порошенко, со германскиот канцелар Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд повика на продолжување на прогласениот прекин на огнот во Украина кој важи до утре.

Во знак на поддршка на мировниот план, на иницијатива на Путин, Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата вчера ја укина одлуката со која вооружените сили на Русија имаа овластување воено да интернвенираат на територијата на Украина.

Според последните проценки, во судирите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина во последните неколку недели загинале најмалку 300 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми