Порошенко: Продолжува воената операција во источниот дел на Украина

Од:

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека воената операција во источниот дел на земјата продолжува.

Според Порошенко, припадниците на милициите не ја искористија шансата да го предадат оружјето и сега мора да сносат одговорност за своите постапки, пренесува ИТАР-ТАСС.

Украинскиот претседател најави хуманитарна помош за жителите на Славјанск и останатите градови во кои тоа е неопходно.

– Авиони и конвој возила со храна веќе се на пат кон Славјанск, изјави Порошенко.

Во меѓувреме украинскиот премиер Арсениј Јацењук објави крај на воените опрации во Славјанск и Краматорск и нареди Владата да продолжи со работа на администрацијата, министерствата, Фондот за животно и пензиско осигурување, како и разни други агенции и сервиси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми