Порошенко: Примирјето е прекинато, ќе ја ослободиме својата земја

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко, порача дека денеска повторно ќе започне операција против проруските сепаратисти, објавено е на неговата Интернет страница, неколку часа по истекот на примирјето за прекин на огнот.

– Ќе нападнеме и ќе ја ослободиме својата земја. Одлуката да не се продолжи примирјето е наш одговор на тероризмот, милитантите и бунтовниците, порача Порошенко.

Едностраното примирје во Украина заврши синоќа, тоа за цел имаше да даде шанса на сепаратистите да се разоружаат и почнат мировни преговори.

Сепаратистите, сепак, не се разоружаа, не прифаќајќи ги барањата на Порошенко да ги предадат клучните гранични премини со Русија и да дозволат меѓународно следење на примирјето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми