Порошенко предложи место и време на разговорите

Од:

Претседателот на Украина Петро Порошенко предложи денеска време и место за разговори за кризата во Украина и чека одговор од другата страна, објавено е на неговата интернет страница.

Во соопштението се вели дека Порошенко тоа го пренел во телефонски разговор со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Предвидено е „контакт група“ да предложи услови за прекин на огнот на исток во Украина. Во неа се поранешниот украински претседател, рускиот амбсадор во Киев и високи претставници од ОБСЕ.

Со Порошенко денеска разговараа и претседателот на Франција Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел и тие навеле дека е потребно што побрзо да се исполнат условите од договорот од состанокот одржан во Берлин во минатата среда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми