Порошенко предлага прекин на огнот, а Кремљ го оцени како ултиматум

Од:

Укринскиот претседател Петро Порошенко објави едностран прекин на воените акции во југоисточниот дел на државата до 27 јуни.

Според Порошенко тоа се прави „со цел терористите да можат да го остават оружјето, а оние што нема да го направат тоа ќе бидат уништени“.

Порошенко, во соопштение објавено на интернет-страницата на укрианското Министерство за внатрешни работи истакна дека украинските сили ќе пукаат само ако бидат нападнати од сепаратистите.

Се очекува амбициозниот мировен план на Порошенко да стапи во сила веднаш.

По повод предлогот на Порошенко Кремљ соопшти дека предлогот на украинскиот претседател за едностран прекин на огнот наликува повеќе на ултиматум и во него нема понуда за почеток на разговори со сепаратистите во источна Украина.

Според нив планот на Порошенко е соопштен „со намера или случајно“ во момент кога украинските сили пукаат врз руска територија во близина на границата. При што е повреден еден руски цариник.

– Според првична анализа за жал се покажува дека тоа не е покана за мир или преговори туку ултиматум… Се уште отсуствува главниот елемент – предлог за отпочнување преговори, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми