Порошенко потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека на денешната средба на Контакт групата за Украина во Минск е постигнат договор за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Договорот стапува во сила денеска во 15 часот по Гринич. Според ИТАР ТАСС, тој е составен од 12 точки, а според други западни медиуми содржи 14 точки, и е потпишан по двочасовни преговори.

Проруските сили, исто така, ја потврдија информацијата на социјалната мрежа Твитер.

Учесниците во Контакт групата ги продолжуваат преговорите во Минск.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми