Порошенко победник во првиот круг од претседателските избори во Украина

Од:

Милијардерот Петро Порошенко е победник во првиот круг од претседателските избори во Украина со 55,9 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е на второ место со помалку од 12 отсто од гласовите.

По неа следат Олег Лиашко со осум отсто, Анатолиј Гриценко со 6,3 проценти и Сергеј Тигипко со 4,7 отсто.

Излените анкети ги изработија три големи социолошки центри, Фондацијата за демократска иницијатива Илк Кучертив, Меѓународниот институт за социологија на Киев и Украинскиот центар за економски и политички истражувања Александар Разумков.

Порошенко (48), тајкун познат како „крал на чоколадата“ е сопственик на популарниот ТВ канал, на фабрика за автомобили и бродоградилишта.

Со моќната кампања по телевизиите и со билбордите на кои беше испишано „чоколадниот цар“ на Украина тој вети „нов начин на живот.

Во многу говори во целата земја Порошенко, кој своето богатство го стекнал од компанијата за слатки и кој е поддржан од партијата УДАР на Виталиј Кличко, вети дека ќе ги продлабочи врските со Европската унија и ќе постигне безвизен режим за Украинците во првата година од неговиот мандат.

Тој нагласува дека неговата цел е во рок од три месеци да ги нормализира односите со Русија, а во неговата програма приоритет е и членството на Украина во НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми