Петро Порошенко победи на претседателските избори во Украина со 54,44 отсто од гласовите при обработени 93,91 отсто од гласачките ливчиња, соопшти Централната изборна комисија.
За Јулија Тимошенко гласале 12,89 проценти од избирачите, а за Олег Лјашко – 8,38 отсто.
Резултатот на Порошенко на изборите што се одржаа во недела е доволно висок, за да може тој да биде избран уште во првиот круг.