Порошенко: Никогаш нема да го признаам присоединувањето на Крим кон Русија

Од:

Украинскиот милијардер Петро Порошенко, кој вчера прогласи победа на претседателските избори во Украина, откако излезните анкети покажаа дека победил во првот куг со 56 отсто гласови, изјави дека ја поддржува идејата во земјата да има предвремени избори оваа година.

Тој изјави и дека нема да има втор круг од претседателските избори.

Во првата изјава по објавувањето на излезните анкети, 48-годишниот Порошенко рече дека ќе стави крај на војната во Украина и ќе го врати мирот во татковината.

Порошенко додаде дека никогаш нема да ја признае руската анексија на Крим.

На прашањето за односите со Русија, Порошенко рече дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина се од првостепено значење за него.

Порошенко вети дека Украина ќе биде единствена, а не федеративна држава. Тој истакна и дека нема да ги признае референдумите за самоопределување во Доњецк и Луганск од 11 мај.

Порошенко рече дека земјата ќе го следи патот на европската интеграција во согласност со волјата на избирачите. Тој исклучи преговори со проруските сепаратисти, додека не го положат оружјето.

– Русија е нашиот сосед, без кој е невозможно да гарантираме безбедност на Украина. Неопходен ни е договор за безбедност, кој ќе го замени договорот од Будимпешта, истакна Порошенко.

Порошенко, чие богатство се проценува на 1,6 милијарди долари, има огромна империја не само во кондиторската индустрија, туку и во производството на автомобили и изградба ма бродови. Тој беше министер за надворешни работи на Украина од 2009-2010 и министер за трговија и економски развој во 2012 година.

Од февруари 2007 до март 2012 година се наоѓаше на чело на Советот на Националната банка на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми