Порошенко нареди во Славјанск да се крене украинското знаме

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска и нареди на армијата да го крене националното знаме во источниот град Славјанск, откако беше информиран за воениот успех во оваа досегашна сепаратистичка крепост, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на пртседателовиот сајт.

Претходно, министерот за внатрешни работи Арсен Аваков кажа дека голем дел од проруските сепаратисти избегале од Славјанск по континуираното гранатирање од страна на украинските сили.

Според претседателовиот сајт, новоназначениот началник на Генералштабот на украинската армија му соопштил на Порошенко дека сепаратистичките борци биле подложени на гранатирање откако се обиделе да ги пробијат линиите на владините сили.

Сепаратистите загубиле еден тенк и други оклопни возила.

„Претседателот даде наредба државното знаме да се крене врз зградата на градскиот совет“, наведе сајтот, имајќи го предвид зданието што беше едно од главните упоришта на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми