Порошенко: На средбата со Путин потврдена неопходноста од реализиација на договорите од Минск

Од:

На средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Милано беше потврдено дека договорите од Минск треба да се реализираат, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко, цитиран од ТАСС.

-Тоа се клучни документи, што треба да се реализираат, рече Порошенко по средбата со Путин.

Ние веќе постигнавме извесен напредок, но некои детали подлежат на натамошно разгледување. Клучниот момент е прекинот на огнот. Заедно со ОБСЕ постигнавме едногласност за практичните чекори за контролирање и мониторингот на примирјето. Се договоривме дека бројот на беспилотни авиони треба да се зголеми. Исто така, се договоривме дека ќе биде потребна и друга опрема: видео камери, сателити и радари, што ќе помогнат да се утврди кој е виновен во случај на прекршување на примирјето, дополни Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми