Порошенко на 7 јуни ќе претстави мировен план за решавање на кризата со Русија

Од:

Новиот украински претседател Петро Порошенко изјави дека во сабота ќе претстави мировен план за решавање на кризата меѓу Украина и Русија.

Порошенко се наоѓа во Полска, на првата посета во странство откако беше избран на 25 мај. Во Варшава тој се сретна со голем број шефови на држави, вклучително и претседателот на САД Барак Обама.

Утре Порошенко ќе учествува на церемониите во Норманија по повод 70-годишнината од сојузничкиот десант на 6 јуни 1944 година.

– На 7 јуни ќе го претставам мојот план за воспоставување ред и мир, изјави Порошенко, во одговор на прашањето дали планира да воведе воена состојба во Источна Украина.

Планот предвидува децентрализација на власта, амнестија и создавање на услови за спроведување на предвремени локални избори, истакна тој.

Порошенко, исто така, не ја исклучи можноста да се сретне и со претседателот на Русија Владимир Путин во Норманија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми