Украинскиот претсеадтел Петро Порошенко ја повика германската канцеларка Ангела Меркел и други светски лидери повеќе да се вклучат и да помогнат во смирување на „проруското востание“ на исток во државата, се наведува во денешното соопштени од Кабинетот на украинскиот претседател.
– Вклучувањето на Меркел и други светски лидери е особено важно за смирување на судирите во Источна Украина, се истакнува во соопштението по вчерашниот телефонски разговор на украинскиот претседател со Меркел.
– Во овој момент, одржливо примирје е потребно како основен услов за покренување практични чекори кон обврзен дијалог меѓу властите во Киев и претставници на демонстрантите во југоисточна Украина, се посочува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи.
Порошенко во петокот прогалси седумдневен прекин на огнот и објави мировен план кој нуди дијалог со проруските бунтовници кои не извршиле убиства, но предупреди и на план-Б доколку предлогот за примирје не даде резултати.