Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера потпиша указ за распуштање на Парламентот, со што се отвора патот за одржување на предвремени избори, кои ќе се одржат во октомври.
Предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 26-ти октомври.
Распуштањето на парламентот и изборите се последица на распадот на владејачката коалиција на 24-ти јули.