Порошенко го предложи Степан Полторак за нов министер за одбрана

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска го предложи командантот на Националната гарда Степан Полторак за нов министер за одбрана, соопшти Кабиентот на шефот на украинската држава.

Украинскиот Парламент утре ќе гласа за номинацијата на Полторак.

Досегашниот министер за одбрана Валериј Хелетеј вчера поднесе оставка, откако беше подложен на остри критики за поразот што на украинската армија и го нанесоа проруските бунтовници во источниот дел на земјата на крајот од август.

Полторак (49) од април ја предводи Националната гарда, доброволна воена формација, создадена во март врз основа на силите на Внатрешните војски, во која беа вклучени и т.н. сили за самоодбрана на Мајдан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми